2win800x200

Осуда за Графитите со рускиот воен симбол „Z“ ичкртани на Широк Сокак

Април 05, 2022

 Графити со буквата „Z“ испишани  во центарот на Битола, поточно на Широк Сокак и кај Кино Манаки ја вознемирија битолската јавност. Со користење на симболот „Z“ всушност се означува поддршка на руската воена инвазија на Украина. 

Графитите ги осудија учесниците во дискусијата ЕУ по руската инвазија-нов потенцијал за забрзан пристапен процес на Западен Балкан, орагнизирана од Фондацијата Конард Аденауер во Битола што се одржа денеска во Офицерскиот дом во Битола.

-Го осудувам пишувањето на графити „Z“ низ Битола. Еден космополитски град како што е Битола не ја изразува мултикултурната и мултиконфесионалноста на Битола. Овие графити треба да се осудат како израз на постоење на поединци и органзирани групи кои шират руска пропаганда и ја поддржуваат Руската агресија на Украина. Овие графити не треба да се потценуваат и се потврда дека постојат структури кои се контролирани од надвор и е процес на ширење на лажни информации и лажен патриотизам. Сметам дека сите политички партии треба да ја осудат оваа појава на пишување графити кои изразуваат поддршка на една воена агресија. Графитите се израз на демократија, но кога има агресија, конфликт и жртви, едногласно очекувам да бидат осудени, рече Марјан Ѓуровски, професор на Факултетот за безбедност. 

„Без разлика под кое знаме, жртвите и рушењето материјално треба да се осуди и нема простор на разумност во тој случај. Ние припаѓаме на западниот клуб на вредности и едногласно ја осудуваме рудската агресија. Било какви грешки на големите западни држави, САД или Северноатланската алијанса не се оправдување на руската агресија на Украина“, додаде Ѓуровски.

Тој уште рече дека ова е потврда дека Република Северна Македонија е изложена на руската модус операнди операција за влијание на хибридни закани, не од надвор туку македонсдката држава е нападната одвнатре. Според него, институциите се нападнати преку Руската разузнавачка служба, за што потврда е и протерувањето на неколку руски дипломати од нашата држава. Тој побара по примерот на Софија, и кај нас за инволвирани вработени во администрацијата во безбедносните институции, МВР, МНР, за одбрана да се поведе постапка и јасно да се знае името и презимето.

„Тука не станува збор за русофили или русофоби, туку дали сте за војна или мир. Руските култуни вредности да се тргнат настрана, зборуваме за мирот и стабилноста“, рече Ѓуровски.

Професорите упатија и порака за забрзано членство на Македонија во ЕУ.

„Секое одложување на почетокот на преговорите на Македонија за ЕУ само ја отвора вратата за пошироко влијание на други држави, пред се Русија и Кина. Се додека имаме статус кво за пристапување кон ЕУ можноста за поголемо влијание на овие структури ќе биде се поголемо“, рече Јован Андоновски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Катедрата во Битола ја организираа Фондацијата „Конрад Аденауер“ во соработка со Центарот за европски студии „Вилфрид Мартенс“ од Брисел, Институтот за општествени истражувања – МК91 и Битолскиот универзитет.

Нема достапен опис

Нема достапен опис

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани