2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ковачевски од Битола: Изборите ќе бидат редовни во 2024, а СДСМ ќе биде победничка коaлиција

Октомври 25, 2022
Фото СДСМ Фото СДСМ

„Проевропската коалиција предводена од од СДСМ ќе биде победничката коалиција во 2024 година. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска е консолидирана партија која повторно е на победничките патеки, партија која успешно менаџира со политичките процеси во земјава, но и со кризата во еден мошне тежок период за целиот свет а не само на нас, порача лидерот на СДСМ и премиер на РС Македонија Димитар Ковачевски на граѓанската трибина, „Силно и одлучно кон иднината“ што вечерва се одржа во Битола.

„ Изборите ќе бидат редовни во 2024 година. На тие избори, ќе се судрат два концепти, едниот предводен од мене, којшто е проевропски концепт, кој значи членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет, горди граѓани со сигурна иднина и побогати.Вториот е предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кој значи враќање назад во неизвесност и во изолација.Јас сум решен и одлучен и ви велам дека ќе успееме. Во 2024 година проевропската коалиција предводена од СДСМ ќе биде победничка коалиција за eвропска Македонија. Следната политичка борба на оваа наша генерација е битката за Европска Македонија, која повторно ја предводиме ние од СДСМ“, рече Ковачевски.

312989573 552932586836161 2429778843041854196 n

Тој нагласи дека со мудрост, лидерство, одлучност сите антидржавни обиди беа неутрализирани.

-Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет после 17 години чекање. Тоа е наш влог во иднината на земјата. Силно и одлучно кон иднината е наша одлика и на сите треба да им биде јасно дека нема да не поколебаат ниту нечесни политичари ниту нивните нечесни методи! ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица ниту се извинија, ниту пак честитаа за успехот на државата, но граѓаните гледаат и судат. Затоа им се случи првиот изборен пораз на првото изборно соочување откако јас сум на чело на СДСМ граѓаните покажаа дека не сакаат деструктивност, враќање назад, кочење на државата, рече лидерот на СДСМ.

312953537 552932620169491 5791195486808606115 n

Во однос на кризата тој кажа дека грижата за секој граѓанин е нивна должност и обврска како социјалдемократи.

-Реализиравме прв пакет од економски мерки вреден 400 милиони евра за поддршка на граѓаните и компаниите. Со тоа навремено реагиравме и ги ублаживме шоковите од кризата. Продлабочувањето на светската криза донесе потреба од нов сет на мерки, па во консултации со сите засегнати страни донесовме нов пакет мерки, вреден 360 милиони евра.

312847716 552932600169493 1646030697671651233 n

Над 200.000 граѓани финансиски ќе ги помагаме во следните четири најтешки месеци. Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Државната помош продолжува и за компаниите, а најдоцна до први декември ќе го претставиме посебниот пакет мерки за компаниите кои произведуваат основни производи како леб и масло за јадење, рече Ковачевски.

313034993 552932630169490 7482839739839215459 n

313100957 552932653502821 8047043099751524949 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани