Советот на општина Битола со финансиска поддршка на дополнителни содржини за реализација на проектот: Изградба на авантуристички парк во НП ПЕЛИСТЕР
На седница за комисија за туризам извршена е измена на програмата за туризам. Општина Битола со поддршка од 2.4 милиони денари за НП ПЕЛИСТЕР за обнова на постојната и изградба на нова инфраструктура во НП ПЕЛИСТЕР, објави советникот Бојан Бојкоски од ВМРО ДПМНЕ.
Според него средствата ќе се вложат во:
- Изградба на мали придружни објекти во рамките на Авантуристичкиот парк
-
Ревитализација и соодветно уредување на патека по камењар
- Уредување и ревитализација на пешачка патека - детска едукативна патека
- Уредување и ревитализација на велисипедска патека од с.Магарево - Голема ливада - Цапарска пресека - Инфо центар
На комисија, барањето од НП ПЕЛИСТЕР беше едногласно поддржано од сите присутни членови.
Ваквата поддршка која локалната самоуправа ја дава не е за прв пат кон централните институции и треба да биде пример и за Владата за тоа како треба да бидат подржани сите проекти кои ќе значат додадена вредност за сите граѓани без оглед дали централната и локалната власт не се од иста политичка партија, објави Бојкоски.