2win800x200

Пензискиот фонд не најде купувач за Хотел Битола

Април 26, 2022

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на првата аукција не успеа да го продаде битолскиот хотел „Борец“, или познат како Хотел Битола, со почетна сума од 2,75 милиони евра по претходна дозвола од Владата, објави Фактор.

Планираното јавно наддавање минало без заинтересиран купувач за имотот со вкупна површина од 5.401 метри квадратни.

Објавата за продажба на Хотел Борец Битола  беше објавена на 17 март, а краен рок за пријавување на заинтересираните беше  5 април, а аукцијата беше закажана за 11 априлсо почетна цена за наддавање која изнесува 167.816.095 денари.

„Бидејќи немаше  пријавено заинтересирани  страни за купување, аукцијата  не се одржа и објектот остана непродаден“, ни одговорија од ПИОМ.

Останува да се види дали ПИОМ ќе успее да ја инкасира оваа сума ако се знае дека во 2015 и 2016 имаше два неуспешни обиди и тоа првиот по почетна сума од 138 милиони, а една година потоа по 87 милиони денари.

Локалните медиуми изминатиот месец пренесоа дека хотелот со одлука на УО на Фонодот за пензиско и инвалидско осигурување е затворен, а сите кои таму престојувале се иселени од објектот затоа пшто оди на продажба. Исто така и најголмиот број од вработените си заминале досега од ова претпријатие. 

- Трговското друштво „Борец“ ПИОМ ДОО Битола со години наназад работи со загуби, односно не може да ги подмирува неопходните режиските трошоци, ниту да исплати плати на вработените во друштво, односно хотелот, гласел одговорот од ПИОМ.https://faktor.mk/penziskiot-fond-ne-najde-kupuvach-za-hotelot-borec-vo-bitola

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани