2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Некогашниот хотел „Битола“ претворен во ругло

Август 29, 2023

Некогаш репрезентативниот хотел „Битола“, во чии рамки имаше и пензионерски дом, а со кој стопанисува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, денес наликува на објект од хорор филмовите. Она што некогаш беа средени 300 соби за стари и изнемоштени лица, голем ресторан и банкетна и конференциска сала од отворен тип сега е руина. Искршени се стаклата и инвентарот, го нема лифтот, уништени се кујната и собите. Местото каде што некогаш се одржуваа свадби, крштевки и други семејни веселби денес е сврталиште на сомнителни лица кои се собираат во вечерните часови и ограбија сè што беше вредно.

расторанот

 Жителите од околните згради стравуваат за својата безбедност.

„Домот е напуштен повеќе од една година. Во изминатиот период одредено време престојуваше чувар кој колку-толку внимаваше на објектот. Но, сега потполно е напуштен и од сите страни провален. Во изминатиот период се соочуваме со разни сомнителни лица кои влегуваат, кршат, го злоупотребуваат имотот на домот и изнесуваат предмети. Мислам дека сè е демолирано внатре, изнесено е сè што било вредно. Останата е обична руина и стравуваме дека во скоро време ќе стане собиралиште на бездомници и зависници од дрога. Станува атрактивно место и за тинејџери, кои влегуваат, можеби понесени од некој предизвик“, рече Митко Стојановски, жител на зградата спроти хотелот.

кујни2

Домот со хотелот беа изградени со средства на пензионерите во рамките на Фондот за станбена изградба. Катанец на вратата беше ставен во март 2022, кога беше иселен и последниот станар. ПИОМ го има огласено трипати на продажба, последно по цена од 2,7 милиони евра, но не се пријави купувач.

кујни

До објавата на текстот Фондот не одговори на нашите прашања какви се намерите со објектот и што ќе преземе да се запре неговото уништување.

Здружението на пензионери од Битола од минатото лето бара од надлежните институции да им се даде на располагање, со цел да го обноват и адаптираат за престој на стари лица.

„Доставивме барања до Владата, ПИОМ и Министерството за труд и социјална политика, во кои образложивме дека домот ѝ е потребан на Битола. Нашата мисија е да обезбедиме старски дом. Одеднаш не можеме целосно да го опремиме. Четири целини се, дел по дел можеме да го реновираме и адаптираме во дом. Во постоечкиот старски дом во Битола исполнет е капацитетот, се чека некој да почине за друг да се смести. Нема место ни во хосписот“, рече Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери од Битола.

хотѕел битола

пензионерска соба

ходници

слика од некогашните пензинерски соби

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани