Македонија (57-мо место) бележи скок од 33 места на светскиот индекс на слобода на печатот на „Репортери без граници“

Мај 03, 2022

Северна Македонија според светскиот индекс на слобода на печатот на „Репортери без граници“ (РСФ) бележи скок од 33 места и се најде на 57-то место. Претходната година таа беше на 90-тото место. Единствено пред Северна Македонија од балканските земји се Хрватска (48-мо место) и Словенија (54-то место).

Од останатите балкански држави, Косово е на 61-вото место со скок од 17 места од претходната година, Црна Гора е на 63-тото место со значителен скок од 41 место, следат Босна и Херцеговина на 67-то место и пад за 9 места од минатата година, Србија со скок од 14 места оваа година се искачи на 79-тото место, додека последни на листата од нашето опкружување се Бугарија на 91-вото место, Албанија која исто така забележува назадување од 20 места и се најде на 103-то место според слободата на печат и Грција на 108-то место со пад од неверојатни 38 места од претходната година кога била рангирана на 70-тото место според светскиот индекс на слободата на печатот на „Репортери без граници“ за 2022-ра година.

20-тиот светски индекс за слободата на печатот објавен од Репортери без граници (РСФ) откриваат двојно зголемување на поларизацијата засилена со информацискиот хаос – односно, поларизација на медиумите која поттикнува поделби во земјите, како и поларизација меѓу земјите на меѓународно ниво.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани