2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отворен ден на Биотехничкиот факултет во Битола- Нова атрактивна студиска програма Храна и диететика

Мај 12, 2022

Преку отворен ден Биотехничкиот факултет од Битола денес пред матурантите и идни студенти ги презентираше своите студиски програми, квалитетен академски и инфраструктурен потенцијал, истраживачки проекти и мобилност со цел да ги запознае младите со можностите кои ги нуди установата образовајќи инженерски и менаџерски кадар од различни профили.

Деканката проф. д-р Гордана Димитровска пред присутните порача дека приоритет и интенција на Биотехничкиот факултет е да им овозможи на младите да стекнат знаење и компетенции и иднина да ја пронајдат во својата татковина и во својот град Битола, кој како универзитетски центар располага со 11 високо-образовни единици. Таа апелираше да направием сите по еден мал чекор, да се погрижиме нашите деца да ги задржиме нашата земја.

 

280714992 392024346160123 6725728690140453537 n„Факултетот за биотехнички науки - Битола оваа година одбележува шеесет и две години од основањето, како најстара единица на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, кој во изминатите шест децении остварува плодна наставно - образовна, научно – истражувачка, апликативна и издавачка дејност. Сите овие години, вложуваме кон подобрување и усовршување на наставните програми, создавајќи препознатливост и квалитет во македонското образование и наука. Визијата на Факултетот за биотехнички науки – Битола е да се позиционира како водечка национална и меѓународно призната наставно – научна институција“, рече Димитровска.

Факултетот покрај досегашните акредитирани студиски програми на прв циклус: квалитет и безбедност на храна, зоотехника, агроменаџмент, оваа година ја проширува пронудата за студентите во нова студиска програма- храна и диететика. Преку неа ќе се едуцираат дипломирани биотехнолози за храна и диететика кои ќе можат да работата не само како биотехнолози, туку и во областа на диететиката во градинки, старки домови, болници и места каде ќе треба да се препорача кавлитетена храна.

„Студиската програма Исхрана и диететика треба да обезбеди постигнување на следните цели: стекнување вештини базирани на знаења од општи и специфични научни дисциплини, трансфер на знаење во високо квалификувани работни места поврзани со директно оценување, квалитетот на исхраната и давање совети насочени кон негово подобрување со цел одржување на здравјето и спречување на болести, стекнување на специфични знаења од областа на исхраната. Понатамошно развивање и подобрување на ефикасноста во примената на стекнатото знаење во пракса, препознавање на одредени проблеми во таргетираните организирани системи за исхрана на групи на население/ поединци во јавни и приватни институции. “, рече продеканката за настава проф.д-р Елена Јошевска..280111257 8096413440384264 6873615412161800255 n

Факултетот располага со 5 опремени лаборатории со високо софистицирана опрема каде студентите под менторство на своите професори директно и непосредно учествуваат во научно -истражувачката работа на факултетот.280116196 591001461948189 3259094181783002086 n

Покрај студиските програми кои се дизајнирани според европските стандарди во високото образование, Биотехничкиот факултет се истакнува и на полето на научната дејност преку учество во повеќе научноистражувачки проекти, со свој придонес од областа на прехранбената технологија и земјоделските науки. Во партнерство со странски високообразовни институции се реализираат повеќе меѓународни научноистражувачки проекти.

„Во рамките на Erasmus + програмата можеме да се пофалиме дека бележиме најголем број на реализирани мобилности со партнери од странски универзитети со кои имаме склучено договори за соработка. Тоа значи дека секој сегашен и иден студент, преку Еразмус + програмата ќе има можност да биде дел од странска високообразовна институција, па макар и на еден семестар. Ние ги мотивираме нашите студенти да ги користат европските програми и средства бидејќи навистина е штета да не се почувствува европскиот високообразовен систем, кога веќе ни е на располагање, а од друга страна станува збор за целосно финансиски покриени студиски престои“, рече продеканката за финансии проф. д-р Катерина Бојковска.

280124628 576156537135612 2728794292284625960 n

Покрај можноста за мобилност, Факултетот за биотехнички науки – Битола на своите студенти им овозможува и учество на голем број студентски конференции и симпозиуми, и на сите овие настани студентите не поминуваат незабележано, туку напротив, освојуваат највисоки награди и признанија.

Факултетот остварува успешна деловна соработка со стопанските субјекти од агропрехранбениот сектор од регионот и посебно не радува тоа што постои интерес за платена пракса за студентите од нивна страна.

 

280185197 767445917553713 4706228146871683144 n

280075716 327712719324590 423310930665684775 n

280190538 594998034877226 3404107460446574497 n

280193311 367850945310367 98496160237518718 n

280536369 298524802466276 8025254015716655082 n

280223181 1120156258713285 3034200498034994069 n

280124201 397428878975393 2652293114466421084 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани