2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со мазга, коњи и традиционлна храна како пред еден век ќе минат долж Македонскиот фронт

Јуни 01, 2018

Не со магаре, туку со мазга и коњи, поради нивната поголема издржливост, ќе се изведе Маршот долж линијата на Македонскиот фронт. Во патувањето ќе учествуваат францускиот дипломат и писател Емануел Рембер и новинарот и историчар Емануел Ешт придружувани од планинарскиот водич Петар Нолев од Битола.

 

Тие поаѓаат во недела од француските гробишта во Битола по патот на борците на Македонскиот фронт од 1916 година. Ќе поминат 240 километри од Битола до Солун. Тоа ќе бидат 12 дена низ рововите и патеките останати од Првата светска војна, а ќе водат и дневник во кој ќе ги опишат најсилните мигови, доживувања и историски случки по патеката. Подоцна доживеаното и записите ќе бидат преточени во книга.

Овој настан наречен Марш во знак на сеќавањата е дел од научниот симпозиум „Стогодишнина од Македонскиот фронт“ што деновиве се одржува во Битола. На него се презентираат научни трудови посветени на страдањата на цивилното население на местата каде што минувал фронтот.

Планинарот Петар Нолев изјави дека најголем дел од патот ќе биде на надморска височина над 2000 метри, па дел сѐ уште е прекриен со снег.

„Од подножјето на Кота 1050, каде ќе имаат можност да ги видат бункерите, рововите, ќе одиме кон Маково, Рапеш, до Будимирци, па до врвот Кајмакчалан каде има спомен костурница, по линија на границата и фронтот ќе слеземе кон Бела Земја, Сокол, пробивот на Фронтот во Добро Поле, Кожуф, Гевгелија и понатаму до Солун. На терен има снег. Во добар дел теренот е доста лош, посебно во делот на Сокол“, вели Петар Нолев.

Патувачите ќе спијат на терен во вреќи и шатори, а за да ја доловат автентичната атмосфера ќе јадат храна како пред сто години, подготвена традиционално. Ќе имаат дури и бакарно котле со себе за да подготват храна.

„Тоа ќе биде јадење автентично за регионот низ кој ќе поминеме, јадење кое во тој период се конзумирало. Веќе имаме договорено леб да се направи со квас кој ќе трае десет дена, суво месо и други прехрамбени продукти, па и ракија традиционално направена“, рече Нолев.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани