АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дворот на Офицерски дом во Битола станува бесплатен паркинг. Во последно време таму расте бројот на паркирани возила. Некои битолчани во кругот на оваа споменична целина си најдоа широко поле за да ги паркираат возилата без да платат. На местото каде што некогаш беше летниот ресторан и се одржуваше фестивалот "Серенада на Широк Сокак" сега се паркираат коли. Нема информација дека некој до сега бил казнет, нити некој ги попречил во намерата.
Но, и некои битолчани се големи критизери на социјалните мрежи за состојбата со руинираноста на Офицерскиот дом, а колите си ги паркираат во неговиот двор.