АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лекарот Александар Обедниковски, специјалист ортопед од одделението за Ортопедија и трауматологија, е новиот директор на Битолската клиничка болница, потврдува Обедниковски за Апла.мк. Министерството за здравство со решение го назначи д-р Обедниковски за прв човек на Болницата. Обедниковски во 2014 година доаѓа во Битолската клиничка болница како специјалист ортопед, а од 2018 година е субспецијалист трауматолог.
По смената на раководството на ОО на СДСМ Битола, со доаѓањето на Драган Крајовски за лидер на партијата се очекуваат директорски смени во повеќе институции и претпријатија во градот кои се под државна капа.