2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поплава во рудникот Суводол по вчерашното невреме, ископот на јаглен продолжува во отежнати услови

Мај 28, 2022

 Силното невреме од дожд и град предизвика поплави и големи сливови на вода во рудникот Суводол, од каде се носат најголемите количини јаглен за РЕК Битола. Силното невреме кое вчера го зафати подрачјето на рудникот предизвика големи дотоци во откопното поле и на позициите каде се лоцирани големите багери и системи за транспортирање на јагленот. Комбинатот во моментот работи со сите човечки и технички ресурси кои ги поседува на санација на состојбата и на непречен ископ на јаглен, кој сепак се одвива под отежнати услови.

Раководителот на производство во Рудници-РЕК Битола, Димитар Петковски, изјави дека се работи во тешки услови и дека вработените уште од вчера се распределени на вонредни задачи во очекување на невремето и врнежите, кои според прогнозата ќе продолжат и во текот на викендот.
 
,,Ископувањето на јаловината и јагленот и натаму течат, отежнато, но течат, процесот на ископ на јаглен не е запрен и правиме се да се справиме со големите дотоци на вода во наоѓалиштата”-изјави Петковски.
 
 РЕК Битола има негативни искуства со силни врнежи во рудниците. Пред две години силно невреме и дожд целосно ги поплавија откопните полиња со јаглен и ги парализираа багерите и другата механизација, по што беше потребно подолго време за испумпување на водата и настанатата кал, за овозможување пристап и враќање на процесот за ископување јаглен.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани