Невреме со силни врнежи од дожд, град и грмотевици попладнево ја зафати Битола. Врнежите предизвикаа поплавување на дел од улиците посебно под населбата Баир. Делови од Илиндевска, Дебарска, Козара, Димитар Влахов и други наликуваа на реки. Поплавени се визби, гаражи, продавници, дворови, а сопствениците поставуваа импровизирани браници за водата да не им навлезе во домовите. Поради поплавените улици, отежнато се одвиваше и сообраќајот во овој дел од Битола.