2win800x200

Какви Штети предизвика невремето во Битола-информација на Центарот за управување со кризи

Јули 05, 2023

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека како резултат на невремето кое ја зафати територијата на општина Битола предизвикани се следните штети по пријави за:

- одрон на дел од пат Битола спрема Скопје . Локација на обиколницата после тунелот на улица „Довлеџик“, 162,
- поплавени подрумски простории. Улица Сремска Митровица, Битола
- Пријава до ОЦ СВР Битола и Пожарна Битола за ударна гром куќа и оштетување на цела инсталациа на улица „Караорман“,
- поплавен долниот спрат на улица „Дебарска“, 77
- поплавена куќа на улица „Дебарска“, 107
- поплавена куќа на ул. „Ѓорче Петров“ бр.39 
- поплавен автомобил 
- поплавена куќа и оштетена цела бела техника на улица „Довлеџик“
- оштетен на телевизор од гром на улица „Трајче Стефановски“ бр.38,
- поплавена визба на улица „Видан Јанакиевски“, 1А, 
- пријава за голема количина земја со водата што тече по патот за Ниже Поле, близу фармата Кај Др.Васко Василевски.
- поплавени подрумски простории на улица „Козара“ бр. 8
- поплавени подрумски простории на улица „Влатко Миленкоски“ број 125
- запушена канализација во двор и преку истата водата истекува, се враќа во куќата на улица „Димитар Влахов“ број 81.
Од ТППЕ Битола известуваат дека во моментот на терен се ангажирани 3 ПП возила, 4 пумпи за испумпување на вода и 6 пожарникари.
Во 18.00 часот во просториите на Општина Битола на барање на градоначалникот се одржа општински кризен штаб при што се донесоа заклучоци за брза интервенција во поплавените делови од градот. Ангажирани се екипи на ТППЕ Битола како и екипи од ЈП „Нискоградба“,  ЈП „Водовот“ и ЈП „Комуналец“.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани