2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Обид за киднапирање на 3 годишно дете од Буково пријавиле неговите родители, на ФБ се нудат 100 илјади евра за секој кој има информација за случајот

Јуни 23, 2022

Два дена жителите на битолското село Буково вознемирени ја прераскажуваат приказната за 3 годишното дете кое вчера исчезна од дворот на семејната куќа во селото, а по 3 часа беше пронајдено во непосредна близина на домот. Родителите со уверување дека станува збор за обид за киднапирање, случајот го пријавија и во полицја, а од СВР Битола попладенво потврдија дека таткото кај нив го пријавил исчезнувањето  на детото, а полицијата работи на расчистување на овој настан.

„Во 13.50 часот во близина на с.Буково, битолско, билo пронајдено дете за кое во 12.26 часот во СВР Битола неговиот татко В.Б.(34) од Битола, со живеалиште во Германија, пријавил дека околу 10.30 часот се оддалечило од домот во с.Буково. Подоцна, во 16.00 часот во СВР Битола, В.Б. пријавил дека по кажување на синот, едно лице го повело и потоа го оставило покрај реката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од СВР Битола. 

Жителите од Буково вчера во 12,57 минути на ФБ рупата Буковска фамилија објавија дека исчезна 3 годишно дете кое со родителите е дојдено од Германија. Два часа подоцна на истот место следеше објава дека детето е пронајдено, а потоа опшан и целиот настан како обид за киднапирање на мало дете. Дури и се нудат 100 илјади евара за било какафа информција која ќе помогне да се фати стоирелот. Според оваа објава детето исчезнало од дворот на семејната куќа, а било пронајдено после неколку часа.

 

буково

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани