АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ден откако францускиот претседател Макрон на прес конференција по Самиотот на ЕУ во Брисел не` нарече Северномакедонци, денес францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер присуствуваше на дебата за социјални предизвици во Офицескиот дом во Битола. Тој не даде изјава за медиумите, а во своето обраќање зборуваше за политиката на Европската Унија за социјалниот дијалог и односот кон Украина. Сега кога Бугарија го прифати францускиот предлог, а Македонија го отфрли, не беше многу погоден момент да се разговара за социјалните политики во Европа, која, за жал, за нас е уште недостижна.
Дебата во организација на Амбасадата и Францускиот Институт од Скопје која се одржа како четврта од циклусот дебати организиран во рамките на Француското претседателство со Советот на ЕУ, беше добра но за друга прилика, а не сега кога по последниот предлог има големо разочарување кај народот и се зголемува евроскептицизмот, да се дискутира за социјални политики. Во едни толку комплексни услови, и во еден од најтешките моменти кога се решава иднината на земјата, да не се каже ни збор за ингерацијата, а да се зборува на друга тема како таа да ни е приоритет.
На Конференцијата „Социјални предизвици“ присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, екс министерката Јагода Шахпаска, експерти од Франција, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, престедателката на советот Габриела Иливеска и други гости.
Дописничката на МИА од Брисел вечера објави дека францускиот претседател Емануел Макрон изјавил „со Северномакедонците во следните часови ќе се разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот“.