2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советот даде согласност за договорот со ПСК „Пелистер“, 30 проценти од сместувањето во Копанки ќе биде во корист на Општината, но нема термин кога ќе се изгради

Јули 13, 2022

Со 15 гласови „за“ советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ заедно со Понаку ја изгласаа одлуката за регулирање на меѓусебни права и обврски помеѓу Општина Битола и ПСК „Пелистер“ Битола. По ова градоначалникот Тони Коњановски ќе треба да го потпиши договорот со што Општината ќе обезбеди 3,8 милиони денари за клубот, пари кои ќе треба да се искористат за обнова на планинарскиот дом Копанки.

Опозициската СДСМ и колаиционите партнери гласаа воздржани, а Левица против.

Во договорот се предвидени бенефиции за Општина Битола, односно ПСК Пелистер да обезбеди 30 проценти од сместувачкиот капацитет на домот по писмено барање на Општината, без надомест, кои ќе се користат за одржување на семинари и културни настани согласно годишен календар на настани.

Советникот Методија Илиевски од опозиционата СДСМ предложи договорот да се прошири со утврдување на категоријата за деца од 7 до 14 години и пензионери членови во Здружението на пензионери кои ќе можат без надмоест да го користат домот, но тоа не беше прифатено. Анастасија Трајковска од ДОМ побара да се прикаже проектот, премерот, пресметката и рокот на изведба за да се знае за што се даваат парите. Таа рече дека за ваков објект на таква локација потребни се минимум половина милион евра и изрази сомнеж дека парите од општината ќе бидат малку за да се изгради Копнаки, па изградбата ќе трае подолго време. Борче Корлевски од СДСМ побара ПСК Пелистер да дава извештај пред Советот за потрошените средства и да се прецизира теминот кога ќе биде домот изграден.

Советникот од Левица Гаврил Трајковски, рече дека бенефициите ќе бидат за Општината, а не и за граѓаните чии пари ќе се дадат за обнова на домот. Договорот го нарече циркус и коментираше дека му се дава повластена положба на ПСК „Пелистер“ да учествува на комисиите за туризам, а не на други невладини организации.

Координаторот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Бојкоски рече дека за да се заштитат средствата што ги дава Општината и да не биде домот издаван под концесија во договорот има член кој предвидува неможност во следните 20 години да се издава или става под хипотека. Тој рече дека не е предвидено понатаму Општината да го финансира клубот туку средствата се наменети исклучиво за Копнаки.

Претседателката на Советот, Габриела Илиевска од Поинаку рече ќе го исполнат она што го ветиле пред граѓаните. На прашањето која категорија ќе биде она што ќе ги користи 30 проценти од сметувањето без надомест рече: „ Сето тоа ќе биде уредено правно, со правна регулатива од Општина Битола. Тоа не може предвреме да се предвиди, а тие 30 проценти на Општина Битола ќе бидат секогаш слободни за користење“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани