2win800x200

Шпанците се обратија на македонски јазик на завршната вечер од „Илинденски денови“

Јули 31, 2022

„Ви благодарам за вашето гостопримство и бидете сигурни дека од сега и понатаму секој од нас кога ќе ги насочи очите кон изгрејсонцето ќе се сети дека има една прекрасна земја Македонија со прекрасен град Битола, и каде во јули 2022 година оставивме дел од нашите срца за секогаш“, на завршната вечер на македонски јазик се обрати Диего Мантано член на ансамблот „Франциско де Гоја” од Мадрид.

Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, синоќа во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”. Фестивалот годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”.

294736724 1026259434833953 3739544396022796760 n

Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш, награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија. Награди на најуспешните и благодарници за учество на гостите од странство им додели директорката на НУ Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски.

295468121 415303577330151 7115011499494735300 n

– За еден фестивал дека е успешен сведочат насмевките на учесниците и на публиката, силината на аплаузите, радоста на организаторите. На Министерството за култура и Општина Битола бескрајно им благодарам за препознавањето и значењето, како и поддршката на најстариот фестивал во нашиот град, фестивалот кој го претвори градот во крстопат, каде се споија Истокот и Западот, Северот и Југот, создавајќи пријателства што ќе траат, истакна Андоновска Илијевски.

296040669 432050008865646 1596034175322801230 n

Низ бројки….

52 издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата

12 фестивалски денови бележат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година

61 настан понуди неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …

1.300 учесници и гости

7 земји учеснички

3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап

280 интервјуа и објави по медиумите

500 постови на социјалните медиуми

295905510 1293077161511883 6205433670518918967 n

Илјадници фотографии и часови продуцирани видео материјали Нови спомени за историјата…

Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал. 

публика

 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани