2win800x200

Фасцинантни фотографии на изложбата „Со љубов за Битола“

Септември 12, 2022

Фотографии од кои запира здивот, на кои е прикажана магијата на битолската архитектура, вакви емотивни трепети пренесоа битолските фотографи учесници на 10 традиционална изложба „Со љубов од Битола“ во организација на ЦЕРИ Битола и соработка со НУ Центар за култура Битола, поддршка на  Министерство за култура, Општина Битола  преку Бит Фест  и Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

Во рамките на јубилејната изложба во Фоајето на Центарот за култура изложени се 54 фотографии, од кои 27 се во рамките на десеттото издание, а останатите се ретроспектива на наградените фотографии од претходните девет години.

На овогодинешниот конкурс свои фотографии ни испратија 32 фотографи. Пристигнаа околу 90 фотографии, кои се сведоштво за архитектонските симболи на Битола. Стручното жири годинава го сочинуваа Роберт Јанкулоски, Весна Каревска –Пукич и Симона Калица, кои  ја имаа задачата да селектираат двасеттина фотографии, од кои три фотографии ги наградија со прво, второ и трето место.

Сите пристигнати фотографии ќе бидат дел од дигиталната изложба во рамките на изложбениот простор.

изложба 2

изложба 3

изложба 4

изложба

изложба2

изложба5 2

изложба6

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани