АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Камен скиптар од енеолитот пронајден кај мариовско Маково, а кој го претставува достоинството на племенската заедница ќе биде дел од изложбата „Првите кралеви на Европа“ Исто така и наодите од гробот 111 на принцезата од Милци, археолошки локалитет и некропола што се наоѓаат во близина на граничниот премин Богородица. Меѓународната изложба на кој ќе учествуваат 26 музеи од 11 европски земји ќе биде отворена на 21 септември во Институтот за древни студии во Њујорк, по што продолжува тригодишната турнеја на Филдовиот музеј во Чикаго, па во Националниот исторски музеј во Отава, Канада.
„За првпат предмети од Македонија ќе бидат презентирани на една ваква значајна светска изложба. Од Македонија вкупно ќе видат презентирани 19 премети“, рече директорката на Завод и музеј Битола, Мери Стојанова.
КАмениот скиптар со кој ќе учествува битолскиот Завод и Музеј бил пронајден во педесетите години од минатиот век кај локалитетот Шуплевец.
„Овој камен скиптар го претставува достоинството на племенската заедница од времерто на енеолитот. Пронаоѓањето на овој пердмет на територијата кај село Маково сведочи за едни култуни кралски влијанија од север, поточно од коњаницата од степските кавкаските предели. Вообичаено овие премети се наоѓале во гробови“, рече Јасмина Гулевска, кустос во Музеј Битола.
Во изложбата, со врвни уметнички достигнувања во доменот на социјалните и религиските форми карактеристични за разни етапи на предисторијата ќе учествуваат и Завод и музеј од Прилеп со жртвеник од Врбјанска Чука, како и Музејот од Ѓевгелија.
„Во Милци истражени се и откриени повеќе од 140 гробни целини и гробот 111 на принцезата од Милци. Тој зазема едно централно место во нашата изложба. Претставен е со целокупните метални наоди од гробот. За првпат доаѓаме до сознанија за многу македонско- пајонски култни бронзи кои се најдоа во интегрална состојба за кои имавме сознанија само како случајни наоди. За првпат се откри култна палка или скиптар или жезло лоциран покрај покојничката. Познати се такви култни палки од римскиот период или од цртежите и сликаната вазна керамика од античкиот период, но од почеток на 7 век пред наша ера за првпат“, рече Бобан Хусеновски, музејски советник во Музејот од Гевгелија.
Национален координатор на изложбата е Гоце Наумов според кој, ова е можеби најголемата изложба на балканската праиторија во историјата на архерологијата и промоцијата на културното наследство бидејќи обединува многу музеи од Европа и претежно музеи од Балканот.
„Ќе се презентира она што е клучно за праисторијата на Балканот, а тоа е трансформација од племенски заедници во кралство, од неолитетот до железното време. Да се покаже како земјоделските заедници кои настануваа околу седмиот милениум пред новата ера постепено преку економски и стопански процеси влегуваа во кралства кои во првиот милениум пред новата ера ги имаме дефинираните кралства на Балканот“, рече Наумов.
Изложбата е на иницијатива на Филдовиот музеј од Чикаго, со кој соработката беше воспоставена од 2018 година, а изложбата се остварува дури сега поради корона кризата.
Ж.ЗДРАВКОВСКА