АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Објавен е повикот за реновирање на домаќинства на ромското население во населбата Баир во Битола. Жителите кои имаат легализирани објекти ќе можат да аплицираат на повикот и да добијат од 3000 до 6000 евра во вид на градежна интервенција за реновирање на нивните домови. Овие средства ќе бидат вложени во подобрување на состојбата на ромските домаќинства во објектите каде живеат, а со тоа и во подобрување на нивите услови за живот. Активноста е дел од проектот „Баир- здружена акција на Битола за вклучување на Ромите“ финасиран од ЕУ, реализиран од COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола, коj успеа во последните години да направи коренити промени на Баирот кон подобро.
„Ова е една од носечките активности и има за цел бенефитите од проектните средства граѓаните Роми директно да ги почувствуваат во своите домови. Предвидува три типа интервенции од поставување на ПВЦ дограма, обнова на фасада и реконструкција покривот. Граѓаните ќе имаат можност од денес 21 септември, па секој работен ден заклучно со 7 октоври до 14 часот да аплицираат. Доколку се јави недоволен број апликанти повикот ќе биде продолжен. Предвидено е да се реновираат парцијално 27 објекти, а тој број може да оди нагоре во зависност од моменталната состојба во која се наоѓаат градбите“, рече Климентина Ѓорѓиоска, проектен менаџер.
Апликациите ќе ги разгледува Комисија со инклузивен карактер што значи покрај претставници од проектните партнери, Центарот за социјална работа и НВО секторот има и претставници од ромската заедница за целиот процес да биде транспарентен.
Одлучувањето ќе биде во неколку фази, прво техничка евалуација, административна контрола на апликациите, па потоа и теренска посета каде ќе може комисијата директно да ги оцени состојбата на домаќинствата. Физичката состојба на објектот е најзначајниот критеиум, а потоа следуваат социо-економските критериуми каде акцент е ставен на многучлени семејства, самохрани родители итн.
„Предвидени се 150 000 евра , од кои 135 000 се директно наменети за интервенциите. 15 000 евра или десет осто од оваа буџетска линија се предвидени за пресметки на интервенцијата. Домаќинствата можат да добијат од 3 000 до 6 000 евра во противденарска вредност кои ќе бидат испорачани во градежни нинтервенции а не во пари“, рече Ѓорѓиоска.
На прес конференцијата на која се најави отворањето на повикот присуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски кој рече дека како лоаклна самоуправа имаат обврска да работат на подобрување на инфраструктурата и другите услови за живот на Ромите.
„Во Општина Битола, како и во многу други општини се соочуваме со многу нерешени проблеми поврзани со урбанизацијата и отежнати услови за граѓаните на оваа населба. Токму затоа уште со моето доаѓање за градоначалник започнав со активности за донесување на новиот ГУП, чија подготовка неодамна започна, а се посветивме и на забразување на процесот на легализација. 17 ромски семејства добија имотен лист за објектите во кои живеат. Тоа за нив значи сигурност и многу подобри можности. Преку партнерство на Општината со овој проект веќе се имплементирани одржливи решенија за подобри услови во заедницата“, истакна Коњановски.
Семејствата кои ќе аплицираат можат да побараат помош од тимот за поддршка сместен во месната заедница „Димитар Влахов“ во населба Баир.
„Тимот за поддршка го сочинуваме тројца ченови кои им помагаме на граѓаните од Баир за да може да аплицираат на повикот да ја комплетираат нивната документација секој ден од 9 до 17 часот“, рече Филис Алиу.