2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ситуацијата на УКЛО алармантна- Се формира синдикат, се браат вработувања и повисоки плати

Октомври 10, 2022

Ако до пред неколку години Правниот факултет на Битолскиот универзитет имаше десетина асистенти во редовен работен однос и околу педесетина демонстратори, во моментов има само еден асистент кој за скоро ќе напредува во повисока позиција, па ќе остане и без него. Постојат цели факултети каде нема ни еден демонстратор, нити асистент. Нема подмалдок, изјави проф. д-р Саша Дуковски, претседател на Иницијативниот одбор за синдикално организирање на сите вработени на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

На денешната прес конференција претставниците на синдикалното организирање рекоа дека со години нанзад на Универзитетот да не се пополнуваат работните места кои се испразнале по основ на пензионирање вклучувајќи го техничкиот персонал, помошниот, наставниот и асистентскиот. Скоро сите единици кубурат со кадар, а посебно е тешка ситуацијата на Висока медицинска школа и на Техничкиот факултет.

„ Во ненаставниот кадар од 12 единици, осум функционираат без секретар правник кој ја организира работата внаре во единицата“, рече д-р Наташа -Петрова Поповски.

Покрај со овој проблем се оочуваат и со многу тешка финансиска, материјално-техничка состојба иако се работи за Универизтет кој според годините на опстојување е втор во државата. Голем пооблем претставуваат ниските плати.

„Платата на вонреден професор е само двојно поголема од загарантираната плата, додека платата на административните работници, помошно-техничкиот персонал е едвај само малку над загарантираната. Недопустливо е во јавните претпријатија кои исто се дел од јавниот сектор да имаа драстично поголеми плати вработените во адаминстрацијата од нашата администрација, а да не зборуваме за професори“, рече Дуковски.

Со потпишувањето на Колетивниот договор од страната на СОНК пред две години добија извесно покачување на платите. Но, сметаат дека се мининамлни бидејќи како основица беа земени 54 процентри од 21 776 денари. Ако таа се пресметата со најновото покачување кое треба да дојде овој месец највисокото работно место редовен професор ќе добие одвај над 40 000 денари плус минатиот труд кој се исплаќа од пред две години. Со ова зголемување ненаставниот кадар или не е опфатен или е опфатен со минимални еден до два проценти.

„Ја поддрживме целосно иницјативата на Сојузот на синдикати на вработените на УКИМ и нивните разговори со Владата каде покрај подобрувањето на материјално-техничката состојба треба да дојде до зголемување на платите на сите вработени во следниот период линеарно со 25 проценти годишно. Во следните четири години треба да биде покачена за 100 проценти“, рече Дуковски.

Ова е прв обид за создавање на репрезентаривен синдикат на УКЛО од сите вработени. Ќе бараат нивелирање на платите согласно стапката на инфлација и исплата на К-15 ,како и да се изедначат правата на вработените во основното, средното и високото образование.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани