2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гугл може да ви даде илјада одговори, но вистинскиот го има само библиотеката- Стручен собир на НУУБ „Св. Климент Охридски“ за факултетските библиотеки

Октомври 12, 2022

Гугл може да ви понуди илјада одговори, а библиотеката само еден, вистински, истакна Драгана Типсаревиќ, библиотекар консултант и советник и долгогодишен директор на Библиотека „Стефан Првовенчани“од Краљево, предавач на вториот стручен собир „Библиотечната дејност на факултетските библиотеки“ што се одржа во Националната установа Универзитеска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола.

Типсаревиќ пред присутните библиотекари и гости ја презентираше и книгата „Читам да се прочитам“ на универзитетскиот професор на отсекот за библиотекарство во Љубана, Миха Ковач, преведена на 12 европски јазици, прогласена за книга на годината во Словенија. Темата, секако е е читањето и авторот се обидува да одговори на прашањето зошто треба да се читаат книги или зошто не читаме во ова време кое се дефинира како време на интернетот.

tip

„Заклучокот е дека и во дигиталното време единствено со читање на книгите можеме да се прочитаме себе и сите околу себе. Книгите се најстабилната работа во животот. Нашата иднина ќе биде со книгата или нема да ја има. Свесен дека губитокот на јазикот посебно за нас малите народи значи и губиток на иденитетот“, рече Типсаревиќ.

Таа додаде ако читаш книга на хартија ја разбираш повеќе отколку кога ја читаш на екран технологија. Ако читаш литература полесно се разбираш и себе и другите луѓе. Во времето во кое живееме читаме повеќе зашто голем дел од новите медиуми се засноваа на пишаниот збор, но книгите станаа осамено острово во морето содржини на екраните.

„Најчесто се прелетува низ кратки тексови, најчесто на интерент каде вокабуларот е сиромашен. Кратко прелетуваеме, но за жал со времето стануваме зависници на таквото читање, а да не сме ни свсенси. За жал, таканаречената милениумска генерација тешко се фокусира на било што што не се движи и нема звук. Друг вид читање е длабинското читање кое ни го збогатува вокабуларот“, рече Типсаревиќ.

tip3

Истражувањата, додаде таа, покажуваат дека државите кои имаат читачки навики се побогати, поиновативни и посреќни од другите каде помалку се чита.

Стефановски: Универзитетската библиотека Св. Климент Охридски Битола да стане таканаречно срце на Универзитетот 

Пред присустните се обрати и директорот на Библиотеката, Бојан Стефановски кој рече дека ова е уште еден значаен проект од низата што ги реализира националната установа во областа на библиотечната дејност како дел од унивезитетскиот кампус.

tip4

„Започнавме со деделување на бесплатни ваучери за секој новозапишен студент. Во континуитет ги следиме современите трендови, ги следиме студентите со организирање на различни работилници, проекти и активности, а пред се го збогатуваме својот фонд со стручна литература, списанија и навремено ги ажурираме своите бази на податоци. Читалните наменети за студентите се во одлична кондиција, се затоплуваат во грејната сезона, се со цел да одговориме на потребите на студентите кои се во нашиот домен на делување. И во иднина ќе истраеме и ќе се залагаме НУ Универзитетска  библиотека Св. Климент Охридски Битола да стане таканаречно срце на Универзитетот и да се позиционира во таканареченото општество на знаење“, рече Стефановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани