2win800x200

ОТВОРЕНА ДНЕВНА СОБА ВО БИТОЛСКАТА БИБЛИОТЕКА - ЌЕ ГИ СПОИ ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА, КУЛТУРАТА И НАУКАТА

Септември 04, 2023

Во просториите на Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола денес беше пуштена во употреба Дневна соба за сите читатели која ќе успее на едно место да ги поврзи локалната заедница, науката, културата и библиотеката.

Дневната соба им овозможува на читаталите да го поминат времето во Библиоетката во пријатен амбиент, сличен на домашниот, опремен со книги, бестселери, сликовници, странска популарна литература, дневен печат, секаков вид на списанија, стручна литература. Просторот е со слободен интернет пристап, корисниците имаат можност да добијат информации и предлози за читање, помош при пребарување, можност за друштвени игри. Но, и катче за изложби, работилници, курсеви, закажување на средби и фото сесии.

371513966 317883457314736 7586880169192442386 n

Дневната соба е отворена со поддршка на Министерството за култура, а на свеченоста по повод пуштањето во употреба присуствуваше и министерката Бисера Костадиновска- Стојчевска.

„Промовираме нов библиотечен простор наменет за граѓаните, симболично наречен Дневна соба. Битола добива место каде младите , но и сите генерации можат да се среќаваат, да учат, да го унапредуваат знаењето и да стекнуваат нови пријатели. Овој мултифункционален центар ќе понуди програма за квалитетно поминување на слободното време, литература за сечиј вкус, можности за истражување, дружење и социјална комуникација. Новиот библиотечен простор во светот познат како community hab се отвора согласно заложбите на светската организација на библиотеки со голема и безрезервна поддршка на Министерството за култура. Моја цел е сите национални установи да бидат целосно отворени и насочени кон граѓаните и токму преку вакви катчиња секој да може да почувствува дека е дома, односно во својата дневна соба“, рече министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

посетители

Директорот на НУУБ„Св.Климент Охридски“ Бојан Стефановски истакна дека Дневната соба е правена по терк на современите библиотеки во светот.

„Во 21 век правото на корисникот да ја види книгата е задолжително и овој сон станува реалност со поддршката на Министерството за култура. Драго ми е што граѓаните на Битола и поширокиот регион ќе имаат можност да дојдат, да поминат свое време тука. Не само за најмалите, за младите, туку и за повозрасните , за граѓаните од трето доба, за маргинализираните групи, за лицата со посебни потреби. Сите ќе имаат можност да уживаат во оваа соба. Работно вртеме од 7,30 до 19,30 часот“, рече Стефановски.

372654337 1048846809815751 3499954611757307383 n

Мирко Марковиќ, библиотекар советник и раководител на мрежата на хортикултурни библиотеки рече дека повеќе не треба да патуваме низ светот за да дознаеме што е современа библиотека, доволно е да дојдеме во Битола.

372660620 609924258006960 2985906386402613434 n

„Отворањето на овој објект во библиотеката е многу значаен за регионот. Тој покажува дека не е значајно каде нешто се случува, туку што се случува. Може да ни биде светилник како понатаму. Не мора повеќе да одиме во Америка и скандинавските земји , само дојдете во Битола и видете како најсовремените методи за комуникација на локалната заедница, библиотеката, науката и културата можат да се случат на едно место. Ова е светлоста која води напред и укажува дека науката, културата и животот во локалната заедница мора секогаш да бидат заедно“, рече Марковиќ.

На отворањето на Дневната соба присуствуваше и Јасмина Иванковиќ, директорка на Библиотеката „Димитрије Туцовиќ“ од Лазревац, Србија. Таа рече дека меѓу лазаревачката и битолската библиотека има сличности од минатото, посебно тоа што двете се отворени во објекти кои на времето биле болници. Денес, рече таа, Лазаревчани кажуваат дека се родени во библотека во истата онаа во која како повозрасни читаат книги.

Ж.З.

372261525 266280459625015 6706499982020926464 n

372652203 147027968458621 6487088037230081420 n

.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани