АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дизајниран пред 111 години, до денес секој љубител на весници од Балканот го препознава. Тоа е логото на најстариот печатен лист на овие простори, српска Политика. Заштитниот знак го направил Владислав Рибникар уште во 1912 година. До денес овој идентификациски симбол на весникот остана непроменат, но и покрај столетието ја одржа својата безврененска креација.
Логоата на Политика, монограмот на Иво Андриќ од 1963 година, на Зимските олимписки игри во Сараево од 1984, Галеријата на Владимир Назор во Загреб од 1972, авионската линија Адрија 1961, Фабриката за филмови Загреб 1951 година, на Соко Мостар 1974, пијалакот Кокта од 1953 година, Витаминка 1956, грбот на Битола 1979 година- беа дел од 460 графички симболи изложени во Europe Hause во Офицерскиот дом во Битола.
Изложбата Yugo.logo отворена на синоќа, на четврти септемеври ги содржи графичките дизајни на четворица врвни југословенски уметници Костадин Танчев- Динката, Милош Киркиќ, Иван Дворшак и Милан Вулпе, креирани за компании и институци од поранешните ју-простори кои беа препознатливи со децении, а некои и до ден денес. Автор на истражувачкиот проект е младиот графички дизајнер од Белград, Србија, Огњен Ранковиќ кој во изминатите три години собра, дигитализира и архивира над 600 логоа за периодот од 1944 до 1992 година.
„Јас сум многу пријатено изненаден. Изложбата ме врати во детството, во едни убави времиња кога имавме голема желба да направиме нешто добро, да естетизираме. Таа буди голема можност за добра едукација и добар начин како да се придонесе за графичкиот дизајн. Денес младите се многу заинтересирни за ова дисциплина посебно со помош на новата дигитална техоногија. Порачувам творците да се држат до креативната енергија, а дигиталната алатка да служи само како алатка , а не како начин на правење на заштитниот знак“, вели Танчев- Динката, графички дизајнер од Македонија кој ѝ припаѓа на генерацијата основоположници на современиот македонски дизајн.
Академијата за примента уметност ја завршил во Белград, специјализирал во Лондон, изложувал во повеќе париски галерии, а предавал и на Факултетот за ликовна уметност во Скопје.
Огњен Ранковиќ, автор на истражувачкиот проект „Yugo.logo“, ги спаси југо идентификациските знаци од заборав и направи бесплатна онлајн архива. Тој собра и дигитализира над 600 логоа со што оваа своевидна ениклопедија на југословенскиот графички дизајн стана широкодостапна, интерактивна и со можност за надополнување. Југословенските дизајнери биле образовани уметници чие авторството ретко или речиси никогаш не се истакнувало, сакале да ги поместат границите за естетика, да создаваат, а не да работат само за пари.
„Работев на овој истражувачки проект последните три години. Годинава почнаа да се случуваат изложби. Пред Битола, изложбата беше во Загреб, а наскоро треба да биде публикувана и книга. На секое лого има автор и година на изработка. Јас сум и колекционер во душата и за мене претставува лична сатисфакција архивирањето на симболи. Интересно е што знаците иако се работени и пред половина век се многу ефекти и квалитетни, безвременски“, рече Ракновиќ.
Битола е првиот град во Македонија каде беше поставена оваа уникатна изоложба, посетена од публика со изострен вкус. Со ова Битола уште еднаш се потврди како центар на графичката уметност.
Текст и фото Жанета Здравковска