АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По два месеци политички натегања и кавги, денес советниците на Општина Битола едногласно со 27 гласови „за“ го изгласаа ребалансот на буџетот. За време на гласањето во салата не беа советниците на Левица.
Се гласаше всушност за ребалансот проширен со амандманите од 11 јули кој беше вратен од Министерството за финансии затоа што ја надминуваше финансиската рамка. Работните групи составени од советници од различни политички парии во изминатите десет дена ги намалија средствата наменети за преложените амандмани со што ребалансот се смети во предвидената рамка. Во него останаа сите амандмани што ги имаше преложено опозицијата, а денес беше надополнет и со нови прелози на ВМРО-ДПМНЕ, прифатени од сите советници присутни во салата.