2win800x200

КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ДВЕТЕ АКТЕРСКИТЕ ЛЕГЕНДИ НА БИТОЛСКОТО ГЛУМИШТЕ- МИТКО С.АПОСТОЛОВСКИ И ЈУЛИЈАНА СТЕФАНОВА

Октомври 20, 2022

Со громогласен аплауз кој траеше повеќе од 15 минути, колегите актери и другата публика за последен пат ги поздравија доајените на битолското глумиште Митко С. Апостоловски (1955-2022) и Јулијана Стефанова (1961-2022). За два месеца, Народниот театар од Битола изгуби двајца актерски великани кои зад себе оставија огромен број брилијантно одиграни претстави, како и ликови на големото филмско платно. На комеморацијата која се одржа во Големата сала на Театарот во Битола, од нивната театарска сцена за нивното големо дело зборуваа колегите актери.

311455202 497922208875347 742258931686039910 n

 

Митко С. Апостоловски, почина на петти август годинава, а тешко е да се набројат сите претстави во кои даде голем печат со својата маркантна актерска умешност и препознатливиот глас. Од „Можеби на покривот има коњ“, „Мајсторот и Маргарита“, „Женидба“, „Казабалкан“,„Последните селани“,„Васа Железнова“, „Црквичето ’40 маченици’“, „Браќа Карамазови“, „Коцкар“ и многу други. Одигра и 30 филмски улсоги, ТВ серии, а беше дел и од серијата „Македонски народни приказни“.

311881272 1342044549533957 3543097972899170312 n

 

Актерот Огнен Дранговски за Митко рече дека го прифатил уште како момче кога дошол да глуми во Народниот театар во Битола.

„’Сине што правиш, седни’, ми рече и почнавме да разговараме, до 5 август годинава не го завршивме муабетот. Од тој момент пред 16 години кога го почнавме разговорот до моментот кога си замина уште разговараме и нема ден да не го цитирам. Велеше, ќе ве поддржам во претставите зашто со уметност и работа создадовте ремек-дело. Јас се хранам од колегите, од нивната искрена и посветена игра, тоа ме инспирира. Таков човек беше Митко, голем и светол, силен“, рече Дранговски.

311454714 690344399113445 3123341114931277559 n

Јулијана Стефановска почина на 3 октомври годинава, а цел работен век му го посвети на Народниот театар од Битола. На комеморацијата беше кажано дека таа беше актерска дива, беспрекорен комичар. Беше доволно само да се појави на сцената и веднаш предизвикуваше насмевка на лицето кај публиката. Брилијанта актерка родена за сцена, целосно предадена на улогите што ги играше, со извонредна смисла за хумор и моќ со голема леснотија да ги изгради најтешките улоги. Публиката ќе ја памети по ликовите во „Летни Силјане“, „Мајсторот и Маргарита“, „Медеја“, „Казабалкан“, „Васа Железнова“, „Љубов и пијано“, „Болва в уво“, „Минхаузен“, „Аудиција“ и други.

 

311978358 1468477503657583 4666117778200099067 n

312263761 792341128539980 1161436488314845868 n

„Ти се обраќам со сестро, зашто не знам дали некој имал ваква другарка 40 години со која делел буквално сè. Живеевме цимерски, студиравме заедно, на ист ден дипломиравме и се вработивме. Заедно настапувавме во многу претстави, толку добро се познававме, што доволно беше само да се погледнеме и да почниме да се смееме. А твојата тага никој не ја знаеше, но успеа да ја претвориш во феноменална улога во ‘Паметењето на водата’ зашто ти не беше само комичарка, најдобрата што ја познавам во пола век театар. Ти можеше Јуце сè, за една реплика цели аплаузи на отворена сцена“, пишуваше во писмото  на актерот Петар Горко во кое самиот призна дека поради емоции не може да го прочита на сцена, па тоа го направи актерот Никола Пројчевски.    

311419235 534667228664640 2823356192540011245 n

За Митко и Јулка, како што ја нарекуваа колегите, обраќања имаа и актерите Никола Пројчевски и Соња Михајлова. Пројчевски се сети како на почетоците од неговата кариера Апостоловски го пофалил дека е добар во професијата со што му влеал самодоверба која трае до денес, а Михајлова ѝ  се обрати на Стефанова  како да е присустна во салата додека ги раскажуваше анегдотите што ги доживеале за време на актерските денови, гледајќи притоа во видео бимот на кој одеа  фотографии од претставите на колешката.  

311347831 534662731998423 4611049649275326146 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани