2win800x200

Полицијата го фати прилепчанецот што крадеше велосипеди низ Битола

Октомври 20, 2022

Битолската полиција го фати прилепчанецот кој крадеше велосипеди низ Битола, за што повеќемина битолчани имаа поднесено пријави. СВР Битола денеска го  лиши од слобода крадецот, а во текот на утрешниот  ден се очекува да излезе со детали околу неговите „операции“, каде крадел, какви се велосипеди одбирал и каде ги носел.  

Како што дознаваме припчанецот е повозрасна личност, а крадел велосипеди оставени пред супермаркетот Веро, од пред училишта, од  пред Центарот за култура, на улица. Засега се расветлени  кражбите на 4 до 5 велосипеди со брзата интервенција на криминалистичката полиција и сообраќајната полиција при СВР - Битола.  

Според полицијата

 На улица „Широк Сокак“ во Битола, вчера полициски службеници од криминалистичката полиција и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода Љ.М. (69) од Прилеп.

Како што информираа денеска од МВР, тој се сомничи дека е сторител на кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, a при преглед кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела.

Со судска наредба, во текот на денот бил извршен и претрес во неговиот дом во Прилеп и бил пронајден предмет кој потекнува од кривично дело. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани