2win800x200

Битолчанец без дозвола работел со отпад, доби кривична за „загадување на животната средина и природата“

Октомври 28, 2022

Денеска (28.10.2022), полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица Битола при СВР Битола во соработка со Државен пазарен инспекторат – Битола извршија контрола во пет складови на физички лица кои вршат дејност – откуп на секундарни суровини-отпад.

При проверките, во склад на Т.Ш.(57) од Битола било утврдено дека не поседува дозвола за вршење на дејност, нема никаква документација, не води книговодствена евиденција за откуп и продажба на отпад.

Против лицето е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани