2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Италија, Хрватска и Бугарија три топ земји каде заминуваат нашите студенти на мобилност

Ноември 25, 2022

Македонски студенти преку Еразмус плус програмата за студентска мобилност најчесто заминуваат на универзитетите во земјите од регионот, а Италија, Хрватска и Бугарија се меѓу првите топ дестинации, рече Марко Ѓоргиевски, директор на Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност. Тој на Универзитетот „Св Климент Охридски“ во Битола ги презенираше можностите од новиот повик за Еразмус плус програмата , објавен вчера од Европската комисија, според кој за нашата земја ќе следуваат шест милиони евра за проеКти.

„Така е најверојатно поради близината, но и поблискиот менталитетот кој го имаме. Имаме студенти од околните земји, а меѓу првите топ земји од каде ни доаѓаат студенти преку мобилност се Турција, Италија, Хрватска Бугарија“, рече Ѓоргиевски.

Од 2014 до 2020 година околу 2000 студенти од Македонија заминале на пракса или мобилност надвор, а нешто повеќе, поточно околу 2300 студенти дошле од другите земји да студираат на нашите високообразованио институиции. Според Ѓоргиевски, ова е доказ дека и во странство ги препознаваат нашите универзитети и парктичната работа. 

„На Универзитетот во Битола беше презентирана новата Еразмус програма за следната година, а токму таа програма е еден од столбовите на функционирањето на нашиот Универзитет од аспект на опрема, како и мобилности на студенти и наставен кадар“, рече ректорот Игор Неделковски. 

Тоа што се избираат земји од опкружувањето е и поради финснсиската моќ на студентите. Но, сепак има и мобилности во поразвиените европски земји.

„Нашите студенти најчесто бираат во регионот да се на мобилност, но имаме забележителни бројки во подалечните европски земји како Франција, Германија, Белгија, тоа се земјите во кои последните години добиваме малку поголеми бројки на влезни мобилности за студенти. Педагошкиот факултет од Битола во неколку наврати беше домаќин на поголеми групи на студенти од Шпанија“, рече Нуртен Сулејмани, еразмус офицер на Битолскиот универзитет.

316510340 1183328655894052 1920294213926319933 n

novanova

316428281 885763129089595 4190558822891255909 n

316334875 892265425549079 2886459770658163974 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани