2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Омаж за Брамс во Офицерски дом- концерт кој долго ќе се памети

Ноември 26, 2022
Фото Горан Петровски Фото Горан Петровски

Здружението за македонско-германско пријателство и соработка од Битола во соработка со здружението Арс Ад Астра од Битола и со поддршка од Гете-институт од Република Северна Македонија, го одбележaa 125 годишниот јубилеј од смртта на композиторот Јоханес Брамс. Во концертот насловен како „Омаж за Брамс“, со учество во четирирачни состави настапија пијаниските Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова, кои во Офицерскиот Дом во Битола ги изведоа ненадминливите класици на композиторот Јоханес Брамс. На програмата беа Брамсовите Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6.

„Уметниците не̍ поведоа преку дирките на клавирот до творештвото на Брамс. Еден од тројцата најзначајни музичар чие презиме започнува на буквата Б (Бах, Бетовен и Брамс). Во Офицерскиот дом, Здружението за македонско-германско пријателство и соработка во изминатиот период има организирало бројни активности, како Концерт на хорни на 05.03.1997, Поетска и сонатска вечер 21.12.1998, Концерт на гудачки квартет Кленке од Вајмар Германија 20.01.1999, театарска претстава Моцарт 16.05.2003, годишно собрание на ЗМГПС и многу др. А и концертот за Брамс убедена сум дека битолската публика долго ќе ја памети“, рече Валентина Илиева, претседател на ЗМГПС од Битола.

316299989 1292076164925673 416294417312687568 n

 

-Brams рекол: „Не е тешко да се компонира, но страшно тешко е да се сокријат излишните ноти“. (Es ist nicht schwer, zu komponieren. Aber es ist fabelhaft schwer,die überflüssigen Noten unter den Tisch fallen zu lassen.) Како што на Брамс не му било тешко да компонира, така и нашите почитувани пијанистики Татјана Божиновска, Билјана Димовска, Маја Божиновска и Верица Дивитарова со голема љубов и посветеност ги изведоа четирирачните состави од Сувенири за Русија, 16 Валцери оп.39 и Унгарски танци бр. 1,2,4 и 6 во Омажот на Брамс,- додаде Илиева.

316434759 529535892363647 6882116315837504350 n

316464045 825391562014759 4229694512089234898 n

316607823 1325427961602006 7031358044480310768 n

316353361 877185413464135 3920439319453902294 n

316444982 837131200726295 3672335152328033915 n

316372695 470755401793020 6287449679675949342 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани