АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со онлајн концерт насловен „Бетовен во Битола“ Здружението за македонско-германско пријателство од Битола се вклучи во чествувањето на 250 годишнината од раѓањето на големиот светски композитор Лидвиг ван Бетовен. Воедно Здружението испрати и честитка за големиот јубилеј до „Бетовен музејот“ во родниот град на композиторот Бон.
„Рихар Вагнер рекол јас верувам во Господ, Моцарт и Бетовен, вербата во нив и големиот јубилеј 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен беа повод Здружението за македонско-гермaнско пријателство и соработка од Битола да организира концерт. При ваквите јубилеи два аспекта се важни: новата средба со новното дело и новата радост од она што го створиле и ни го подариле. Да отсвириш погрешна нота е незначително, да свириш без страст е неопростливо, рекол Бетовен. Нашите уметници со страст ги свират и ги пеат неговите дела“, рече Валентина Илиева, претседател на Здружението.
На концертот кој траеше еден час настапија уметниците Бобан Рајчиноски тенор, Марина Коруновска мецосопран, Фросина Макаловска сопран и Маја Митровска сопран во придружба на искусната пијанистка Татјана Божиновска и помладите пијанисти Ксенија Поповска, Андреа Николовска и Арсениј Ангелевски.
Концертот може да се погледне на веб страницата на Здружението www.zmgps.org.mk како и на нивниот јутјуб канал.
Погледнете го концертот: