АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сестрите Колевски, кои попладнево беа пренесени во битолската болница, вечерва повторно се вратени дома, откако одбиле лекарска помош.
Од Клиничката болница во Битола, изјавиле дека пациентките биле прегледани од психијатар, кој утврдил дека комуницираат и немаат никаква агресија, а исто така биле прегледани од интернист. Имаат отоци по целото тело, но не се знае што е причината.
Не сакале да бидат хоспитализирани, по што биле вратени во нивниот стан на улицата „ Димче Лахчански“, објави Телевизија Телма.
Потврдиле дека 7 години живеат без струја и 1 година без вода, а рекле дека не се капат затоа што се плашеле дека ќе им испаднат косите.
Инаку, по налог издаден од Основниот суд во Битола, а на барање на обвинителството, денеска околу 13 часот, полицијата и претставници на Центарот за социјални работи, влегле во домот на семејството Колевски, каде мајката со години ги чува во изолација двете ќерки, на возраст од 34 и 35 години, објави Телевизија Телма. Околу 16 часот, со возило на итната помош биле однесени на болница.
Соседите раскажале дека мајката се спротивставила и не дозволувала девојките да бидат изнесени од станот.
-Дојде полиција, дојдоа од Центарот за социјални работи, инспектори, ја скршија вратата и насила влегоа во станот да видат што се случува. Мајката не давашае да ги земат девојките. Викнаа брза помош, ги прегледаа лекарите, видоа дека се болни , со отоци. Девојките се катастрофа, пожолтени, не им се познваше лицето,Ги кренаа на колички, не можеа да одат и ги однесоа на болница, раскажаа соседите за Телма
Пред еден месец, по неколку обиди надлежните да влезат во нивниот дом, се откажаа со образложение дека контактирлале со нив преку затворена врата и сите три одбиле помош
Но, најавија дека ќе бараат начин како да му помогната на семејството кое со години живее без елемнтарни услови, без вода и струја, а соседите секојднево ги слушаа лелеците на двете сестри кои долго време не излегле од својот дом.
Со помош на социјланите служби, два наврати во 2014 и 2016 година, биле пренесени во битолската болница, во тешка здравствена состојба, но по излеувањето од таму, продолжиле со истиот начин на живот.