2win800x200

Видео: Руската "Славјанка" ја испеа македонската "Море сокол пие"

Јули 03, 2018

"Бит Фест" преку својата програма дава уште една потврда на Битола како конзулски град. Тоа го прави преку културни настани чија организација е потпомогната од странските амбасади и конзулати во земјава.

По, маестралниот настап завчера на германскиот лимен оркестар "Хајдн Брас" кој ја отвири "Македонско девојче", изненадување следуваше и со настапот на Руското културно уметничко друштво "Славјанка". За време на настапот ноќеска во Народниот тратар во Битола, тие ја испеаја познатата македонска народна песна "Море сокол пие".

Публиката уживаше и во изведбата на бесмртните песни "Очи чарне", "Подмосковние вечера", "Казачок" и други.

Концертот беше организиран со помош на Амбасадата на Русија во РМ во соработка со Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани