АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од жештините во Битола, побегенете во ладовините на Пелистер. Овој пат, преку фотографии направаени од познатиот битолски фотограф Сашо Ставрев ви ја нудиме турата по Магаревска Река преку Бор Чешма и Јоргов Камен до Црвени Стени. Ќе имате можност да уживате во планинските пејсажи, вековитоста на камените реки, жуборот на планинските потоци и реки, пелистерските цветови, чешми, по некоја граната зачувана како експонат од Првата светска војна... Додека пешачите и уживате во убавините, на одредени места видиковци пред вас како на дланка ќе се прикаже нашата Битола. Нахранате ги сите свои сетила на Пелистер, тоа е уживање за око, уво, па и за вкус доколку успеете да најдете и вкусите планински јагоди. Пелистер е доказ дека убавите нешта се на чекор до нас и не треба да ги бараме секогаш патувајќи стотици километри.