АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Владата на премиерот Димитар Ковачевски единствениот функционер што останува од Битола ќе биде министерката за култура Бисера Стојчевска. Со реконструкцијата на Владата нема место за заменик министерот за здравство д-р Владимир Рендевски, бидејќи на оваа позиција премиерот ја предложил Маја Манолева исто така од СДСМ. Неврохирургот Рендевски на оваа позиција се задржа точно една година.
И пред некој месец оставка од министерското место за локалана самопуправа сам си поднесе Горан Милевски кадар на ЛДП.
Така функционерите во извршната и во законодавната власт од Битола с ебројат на прстите од едната рака. СДСМ од Битола нема ни еден пратеник во Собранието, а ВМРО ДПМНЕ има две пратенички места, Силвана Ангелевска и Олга Лозановска.