АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Васка и Стефан Хаџи Андоновски се наши сограѓани и што би рекле битолчани, градски луѓе кои оваа година слават златна свадба. Стефан е познат битолчанец, општествен работник,
Да се биде во брак 50 години, во ова време-невреме, на морални и социјални кризи и не е така лесно и едноставно, а притоа да се задржи почитта и разбирањето од двата партнери, но Хаџи Андонови велат дека го имаат „рецептот“ за успешен и среќен брак, а тоа е семејниот мир, слогата, разбирањето и толеранцијата.
Стефан и Васка случајно се запознале, а од нивните дружиња се родила љубов која била крунисана со брак во 1973 година, оттогаш досега се заедно, како што велат и во арно и во лошо. А, Господ ги израдувал со ќерката Викторија и сега со внучињата Антониа (5) и Филип (2) години.
-Без слога и толеранција нема добар брак, се постигнавме заеднички со љубов и разбирање. Од првиот момент досега сме заедно точно 50 лета. Си посакуваме уште долги години заеднички живот, пред се' здравје, и да не чува Господ. Се' имаме, само да сме здрави на нога, вели Стефан во разговор за Апла.мк.