2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Божјата љубов обединува и спасува – испратена порака од промоцијата на книгата „Преку тунелот до светлината“, првенче на Силвана Илиевска, судија во пензија

Февруари 23, 2023

Првата книга на судијата во пензија Силвана Илиевска- „Преку тунелот до светлината“, која беше промовирана вечерва во Порта џев во Битола, открива голем број мудрости за смислата на животот. Книгата има религиозно-филозоска содржина и е труд на 24 годишна работа на судијата преку запишувања на размисли по поминати премрежија во животот, прочитани книги за човечкото опстојување, мудри мисли за кои таа дава свое толкување. На промоцијата присуствуваа голем број судии, адвокати и други познати општествени работници од Битола, како и нејзини блиски роднини и пријатели. Со апалуз беа прифатени поентите за животот што таа ги порача пред присустните, а секако произлегуваат од нејзината објавена книга.

320590023 701163571690840 3319578205122229226 n

„Години наназад знаев дека оваа книга ќе го носи ова име. Тунелот е нашето его, нашите искушенија, светлината е божјата љубов. Слоганот во книгата е божјата љубов обединува и спасува. Треба да го најдеме божјето во нас. Поради тоа што сме го затскриле Бог и сме само човек-его, ние страдаме. Умот дава отпор на се и сешто, живее во минатото ја избегнува сегашноста. Штом бега од сегашноста, тогаш човек е празен од внатре зашто его-човекот се поистоветвува со мислењето, а тоа го тера во депресија. Спасот е во нас, да ја разбудиме љубовта во нас, да се самоприфатиме , да се засакаме и да го сакаме даденото. Само така ќе се спасиме, а коработ на спасот ни е Исус. Многу полесно се живее ако е Исус со нас и во нас“, порача Илиевска.

328850552 513742670696060 5982662237112938097 n

Таа посочи дека долго време во неа тлеела желба да напише книга со духовна содржина. Со години наназад ги запишувала во тетартка сите мудри изреки, заклучоци од прочитаните книги на Дејл Карнеги, Луиза Хеј, Џозеф Марфа и други, воедно давајќи свое толкување. Така напишала над 20 тетратки. Кога заминала во пензија, синот ѝ дал идеја да ги публикува во книга. Книгата во ракопис ја напишала за три месеци за време на пандемијата, а беше испечатена недомана. Рече дека промоцијата намерно ја избра да биде на овој датум неколку дена пред роденденот на нејзиниот покоен свекор зашто настанот има симболика за простување со почитувани личности од нејзиниот живот.

328929144 2095086790701545 5266460529041659489 n

Низ страниците на книгата Илиевска посочува дека егото прави страдања, па наместо тоа треба да се вратиме на божјата љубов. Рајот е во добрите мисли и чувства, да не се поистоветуваме со лошите мисли.

„Со мислите го обликуваме нашиот живот. Колку подобри мисли имаме и чувства, толку ни е подобар животот. Какви сме , такви работи привлекуваме. Се што привлекуваме, се е во нас. Привлекуваме настани и луѓе какви што сме дали сме позитивни или негативни. На нас останува дали ќе го раниме добриот или лошиот волк во нас. Внатрешното јас да биде небеско јас, да биде повеќе со боженствените принципи и идеали“, рече таа.

Истакна дека во љувовта е мудроста и свесноста. Рече дека ѝ сметаат маските на лицемиерие што ги поставуваат луѓето. „Дајте бидете малку поискрени, почувствителни, сфатете ја маката на човекот. Во кои и да сте професија, судии, адвокати, лекари и други, треба да ги сакаме луѓето, да ги прифајќаме. Да го наоѓаме доброто во нив и со нас. Да не газиме по туѓи тела, по туѓи маки“. Им се обрати и на младите: „Најдете го духот во вас, бидете истрајни во тоа што го сакате, немојте да газите по туѓи вредности, бидете вие вредност!’’

331774201 719872982967887 8113000145089534139 n

Извадоци од книгата читаше актерката Сандра Грибовска, а издавачот Илија Мерковски рече дека писателката успеа во своето дело на терезијата на живеењето ги стави доброто и лошото, порачувајќи дека треба да се следи насоката дадена од Бог, да се верува во Бог.

„Одговорот е во спознавањето преку самонабљудување, да се живее со љубовата во себе, да се носи мир и смиреност внатре во себе. Успеа да ни го посочи будењето на светлоста, потрагата по божјата љубов испишувајќи животна реторика“, рече Мерковски. 

332966051 1299544977277111 525151893632836780 n

332250441 923924838737721 9061882849591842070 n

332954704 3253902311494125 7194090603983994492 n

333017081 563205152229567 3451172509800326414 n

333030568 5697335077060467 7433875378006230798 n

333090693 1357247705064873 5156023101893011181 n

333246310 1559150264598675 7270877467655886761 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани