АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Извонредни фотографии од Ивона Кочов на кои е уловен феномен
от наречен сончево хало објави на социјалните мрежи Скопското астрономско друштво.
Ова е атмосферски феномен каде кристалите високо во атмосферата на интересен начин прекршуват светлина околу Сонцето правејќи круг околу него кој се нарекува Хало.
„Одејќи да фотографираме црква во близина на Битола, во месноста викана Германски гробишта, колегата забележа хало околу сонцето, феномен кој не смееше да остани незабележан. Интересно е што траеше неколку часови па имавме прилика да направиме повеќе фотографии. Еве неколку од нив кои се направени со Никон Д750 и објектив 10-20 мм за кроп сензор“, соопшти Кочов.