2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолските Евреи во Треблинка живееле само 40 минути- промовирана книгата „Траги на еврејското наследство во Битола“ од Зоран Ѓоргиев

Март 10, 2023

Над 3000 битолски Евреи по депортацијата во Полска само 40 минути поживеале во концентрациониот логор Треблинка, а потоа биле угушени со гас, рече Зоран Ѓоргие, автор на книгата „Траги на еврејското наследство во Битола“ која беше промовирана во некогашното еврејско верско училиште Талмуд Тора во Битола по повод 80 годишнината од Холокаустот.

„Во книгата симболично се претставени 11 приказни за битолски еврејски фамилии и три фактографски податоци за синагогата Арагон, верското училиште и пергаменти во спомен на 11 март 1943 кога сите еврејски фамилии беа одведени од овде и беа транспортирани во скопксиот монопол. За жал, од таму во Треблинка. Само 40 минути живееја во Треблинка. Откако беа однесени со вагоните, буквално беа симнувани од вагоните и носени во гасните комори каде првобитно му беше кажано дека ќе се врши само туширање, а се пушташе гасот. Така заврши нивната судбина само по 40 минути живот во Треблинка“, рече Ѓоргиев.

334921356 1684312995356777 6417107824119810029 n

(Авторот Зоран Ѓоргиев) 

Тој е хроничар на градот, по професија е правник, а посетува магистерски студии на студиската програма Холокауст при Универзитетот во Хаифа, Израел. За да ја напише книгата користеше материјали од Државниот архив- Одделение Битола, Битолскиот катастар, а беше и во контакт со потомците на некои битолски семејства.

Еден од рецензентите на книгата, професорот по литература, истраживач на Битола и публицист Александар Стерјовски на промоцијата евоцираше тажни спомени како очевидец на депортацијата на битолските Евреи кога имал само 10 години.Тој рече дека еврејската поворка до Железничката станица била спроведена од полициската бугарска стража.

„Учеше Еврејче со мене во улилиштето. Името му беше Моше. Седеше до мене. Добродушно дете, ќе си подадевме гума, молив. На 11 март две колони одеа за Железничката станица. Едната по Широк Сокак, а другата по денешната улицата ‘4 Ноември’, а јас како дете живеев Чифте Фурни. Последната слика што ја носам за Евреите е од тој ден. Блокирана беше Битола од бугарската војска и полиција, никој не смееше да излези надвор. Но, кога се слушна дека ги кренаа Евреите, малку се олабави и излеговма надвор и ја гледавме групата од Сали Мостот како оди со полициска бугарска стража кон Железничката станица. Меѓу нив и моето другарче кое за последен пат ми мавна“, рече Стерјовски.

334948725 766396648478468 1396731131809490 n

(Фото професор Александар Стерјовски, рецензент на книгата) 

Другиот  рецензент Гоце Стојановски раковидител на Битолскиото одделение од Државниот архив рече дека оваа книга не прави да ја сакаме Битола уште повеќе. 

„Книгата е напишана преку призмата на една заедница која за жал, повеќе не е присутна тука. Низ книгата се раскажани судбините  на 11 еврејски семејства. Мило ми е што денес  се случува потомци  од овие семејства да дојдат и да го посетат нашиот град и да си одат од тука со  убави импресии. На промоцијата присутни се и членови на семејството Нахмијас за кое се пишува во книгата, па и претставници  од  фамилијата на Франко Челебон, Асео итн. Сите тие биле многу значајни за културниот и трговскиот живот во  градот. Книгата нуди незаборавно  искуство. Текстовите се фактографски поткрепени, а Зоран често комуницираше  и со  семејствата на поранешните битолски  Евреи“, рече Стојановски. 

334959296 1273955736524495 5436739064656670351 n

(Фото Гоце Стојановски, раководител на Државен архив- Одделение Битола,  рецензент на книгата) 

Првата книга Ѓоргиев му ја подари на Катја Михељкис, единствената Еврејка која денес живее во Битола, но нема овдешно потекло, туку од Украина е омажена во Битола. На промоцијата настапи и ладино пејачката Сара Ароести која живее во САД, но има битолски корени и испеа нејзина песна за Монастир (старото име на Битола).

334949752 1298493171021159 7847723343973028717 n

(Фото Катја Михељкис, единствената Еврејка која живее во Битола)

334982649 210668968219288 5485233632433357271 n

(Фото: Ладино пејачката со битолско потекло Сара Ароести) 

 

Дури по 30 години, од печат излегува нова книга за историјата на битолските Евреи. Делото ги оживува спомените за големите битолски фамилии Албала, Нахмијас, Франко, Асео, Ароести, Шами Калдерон, Колономос, Де Мајо, Батино, Медонса и Јаков Ароести со точните локации каде живееле.

Книгата Ѓоргиев ја посвети на мајка му Олга Ѓоргиева, а одлучи да ја испечати годинава по повод 80-годишнината од депортацијата на битолските Евреи, за кои вели дека во голема мера придонесле за развојот и подемот на Битола.

334951788 1358767384666935 3052101010290847367 n

(Фото: Олга Ѓоргиева -седи на средина- мајката на која авторот ѝ ја посвети книгата)

„Ме исполнува кога некој прави нешто за градот во кој живее. Јас истото го направив и за него и за нив, оставајќи една мала трага од големото еврејско наследство кое го крие Битола, некогашен Монастир. Оваа книга е само увертира и навестување за нова, поголема публикација на англиски јазик со над 600 страни“, вели Ѓоргиев.

334955166 1946983608978068 794446983062116760 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани