АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По гостувањето во Институтот за дрвни студии во Њујорк, изложбата „Првите кралеви на Европа“ во која се вклучени и значајни артефакти од Македонија, на 30 март годинава ќе биде претставена во Филдовиот музеј во Чикаго, а подоцна и во Националниот историски музеј во Отава, Канада. Ова е дел од тригодишната турнеја на изложбата во САД и Канадаво која ќе учествуваат 23 музеи од 11 европски земји. Од Македонија вклучени тимовите на Завод и музеј Битола, Музеј Гевгелија и Завод и музеј Прилеп.
„Со ова изложба преку експонатите неолитски жртвеник, енеолитски скиптар и железнодобен накит од локалитетите Врбјанска Чука, Шуплевец и Милци во светот ќе проговоириме за достигнувањета на луѓето од нашата земја кои живееле и создавале уметност, ги развивале технологијата и стопанството во период од 7 до 5 милениум пред новата ера. Ова се единствени и уникатни артефакти кои зборуваат за нашата приказна од предисторијата. Се предвидива дека над милион посетители ќе ја видат оваа изложба и преку неа ќе се запознаат со културата на Македонија и на Балканот. Уверена сум дека првите кралеви на Европа ќе ни донесат трајни пријателства кои ќе отворат можности за нови соработки“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска –Стојчевска.
Меѓу артефактите посебно внимание привлекуваат наодите од гробот 111 на принцезата од Милци, археолошки локалитет и некропола што се наоѓаат во близина на граничниот премин Богородица.
„Оваа некропола е една од најзначајните во Долно Повардарие која егзистира меѓу крајот на 8 и почетокот на 5 век пне. До сега се откриени 236 гробни целини. Гробот 111 отриен 2014 година или како што го нарекуваме гробот на благородничката или на принцезата од Милци е единствен во рамки на некрополата од повеќе причини. Композицијата на накитот и на култните бронзи не е откриен во нити една друга конструкција. Не станува збор за богат гроб или за гроб кој има прост збир на бронзен накит и култни бронзи тука зборуваме за личност со истакнат социјален, а можеби и општествен статус.
Индикацијата за таква дефиниција ја најдовме кај два предмета што ги откривме во гробот. За првпат во некрополите од железно време во Македонија и пошироко на Баланот се открива личност која покрај себе има прилог кој е во функција на култна палка. Во изворите од антиката се зборува за обичај на Пајонците во процесиите да го користат соларниот клут односно да се носи сончев симбол на палка. Ние тоа го откривме овде. Исто така, пронајден е еден масивен, конпозитен приврзок нарачен сидро или соларен чун кој е исто така единствен на цела некропола. Тоа покажува дека само едно лице имало таква привилегија да носи вакви култни бронзи. Тие укажуваат на статусот на покојничката. Се радуваме што ова се откри во Гевелија и музејот од Гевгелија ги поседува овие предмети“, рече Бобан Хусеновски од НУ Музеј Гевгелија, истражувач на некрополата Милци од 2011 до 2022 година каде систематско истражување финансиски го покрива Министерството за култура.
Директорката на битолскиот Завод и Музеј, Мери Стојанова рече дека ова е прва можност предмет од некоја археолошка збирка од Музејот од Битола да биде изложен во Америка.
„Од нашата предистортиска збирка е вклучен еден предмет, тоа е скиптарот од Шуплевец, уникатен и репрезентативен примерок каков што нема сличен во овој дел од Балкнскиот Полиуостров“, рече Стојанова.
Наcionalen координатор на изложбата е археологот Гоце Наумов кој рече дека одлично поминала во Њујорк.