2win800x200

„Сите сме Јана“- битолчани утре излегуваат на голем протест на Магнолија

Март 28, 2023

„Сите сме Јана“ битолчани утре под ова мото излегуваат на голем протест за прераната смрт на шест годишното девојче Јана Христовска од битолско Кравари кое минатата недела почина во Битолската клиничка болница по примена инфузија.

Протестот е закажан за 19 часот на плоштадот „Магнолија“ во Битола, а организатори се семејството, роднините и пријателите на семејството Христовски.  

Додека се чека извештајот од обдукцијата која треба да ги даде точните одговори како и поради што настапила смртта кај малата Јана, роднините на семејството Христовски  имаат една цел да го свртат вниманието за состојбите во македонското здравство.

„Го чекаме последниот збор од Битолското обвинителство за смртта на Јана. Обдукцијата мора да ја даде вистина а тоа ќе значи дека родителите на Јана ја кажаа вистината и реалната слика за смртта на нивното девојче. Вината никако не смее да се фрли кон родителите, туку да се бара одговорност на вистинската врата. Мора да се каже вистината за македонското  здравство. За лекувањето, за третманот на пациентите, за немањето на лекови и здравствени работници, за немање на апарати и се што значи квалитетно здравство.  Ако му случи ова на едно 5 годишно  дете, тогаш што е со хроничните болни, со постарите лица со дијагноза, каква здравствена заштита ќе добијат тие“, вели Игор Петковски од Битола, кум на малата Јана, организатор на протестот. Засега протестот се најавува само за во Битола, но не е исклучена можноста, протести да се организираат и во други градови.

Нема достапен опис

Инаку семејството Христовски не се задоволни од извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат  кој соопшти дека нема грешки во лекувањето на Јана и дека без оглед на примената инфузија и високиот шеќер во крвта, Јана починала од застој на срцето.

Петковски вели, ако Јана имала проблеми со срцето сигурно лекарите за тоа ќе знаеле уште на првиот преглед.

Јана почина минатата среда на Детското одделение во Битолската клиничка болница откако со симптоми на настинка и повраќање било однесено на лекар. По првично измерените 9 единици шеќер во крвта Јана примила инфузија со гликоза, по што шеќерот покажал 19 единици на следното мерење. Семејството се сомнева во грешки во лекувањето.А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани