2win800x200

Падна таванот од тоалетите во Медицинското училиште, од Општината велат дека незначително повредил ученичка

Март 28, 2023

Директорката на средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, Наташа Илиева претпладне ја извести Општината, дека утрово во 8 часот, паднал таванот во училишните тоалети, за подоцна, Илиева, на прашање од градоначалникот да потврди, дека при падот на таванот била незначително повредена ученичка од училиштето, соопштија од Општина Битола. 

„Градоначалникот Коњановски, веднаш по добивањето на информацијата, формира општинска комисија со која извршија увид во училиштето, со цел констатирање на состојбата. При извршениот увид, директорката Илиева информираше дека, тоалетите пред неколку години беа реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување.

Комисијата изготви записник во кој ја констатира состојбата, а градоначалникот Коњановски, го контактираше семејството на повредената ученичка, при што беше информиран дека, ученичката е исплашена и со родителите е во Клиничка болница, каде се прават испитувања поради болки во раката. Коњановски, останува во контакт со семејството, а од директорката Наташа Илиева побара одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем.

0

На крајот на минатата година, од страна на градоначалникот на општина Битола, беа повикани, директорите на училиштата, со цел да укажат на потребите за реконструкции и интервенции, кои ги имаат објектите. Од страна на директорката Илиева, не беше побарана интервенција од општината за објектот на средното медицинско училиште“, пишува  во соопштението. 

медицинско 3

Директорката на Средното медицинско училиште рече дека ненадејно паднал таванот, а ученичката која се затекнала таму не била повредена туку испаничена. Останала и на часови иако ѝ предложиле да си оди дома. Во училиштето ја прегледал лекар, а Илиева разговарал и со родителите кои ѝ рекле дека е добро.

Тоалетите во школото, кои беа во катастрофално лоша состојба, беа реновирани пред четири години со донации собрани од хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипините, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД, а акцијата ја имаше покренато Медисон Ристевски, средношколка од Волонгонг, Австралија, која имаше македонско потекло.

медицинско2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани