2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На Пелистер се гради новиот Авантуристички парк за возрасни и деца со две зип линии

Мај 11, 2023

 

Националниот парк „Пелистер“, годинава ќе го добие првиот авантуристички парк за возрасни и деца, со цел збогатување на својата туристичка понуда, развој на локалната економија и една поширока димензија, воспоставување нови и зацврстување на веќе постојните релации на прекугранична соработка на Република Македонија и Република Грција.

На терен забрзано се работи на паркот кој ќе изобилува со привлечни содржини,  искачување на карпи, зип линија, адреналински паркови за деца и                возрасни, други атрактивни содржини, форми со интересни детали кои би го направиле престојот на Пелистер уште попривлечен.

Паркот почна да се гради во декември минатата година, а треба да биде комплетно реализиран до крајот на 2023 година. Изградбата на паркот е под надлежност на Националниот парк „Пелистер“- Битола, а се гради преку проектот насловен „Авантура преку границата“ кој се спроведува во рамките Програмата за прекугранична соработка  Грција - Македонија, 2014-2020. Партнери во проектот се Младинско христијанско здружение - Солун/ИМКА Солун, Грчката национална туристичка организација/GNTO и Национален парк Пелистер - Битола. 

Вкупниот договорен буџет на проектот изнесува 653.670 евра, а додека вкупниот буџет за НП. „Пелистер“ изнесува 203.500 евра. Министерството за локална самоуправа се јавува како ко-финансиер со поддршка од 15 проценти од вкупната сума за изведба на проектот. Во паркот свој придонес има и Општина Битола, која издвои средства во вредност од 2.4 милиони денари за дополнителни содржини.  

Паркот е поставен на поширока локација над Инфо - центарот на надморска височина од околу 1.400 метри, на површина која се протега до под хотелот „Молика“. Во тимот изведувачи се вклучени професионалци со претходно искуство, лиценци и сертификати . Во изведбата на паркот се запазуваат сите стандарди за квалитет на материјалите и безбедноста на содржините. Безбедносните сајли, вградените елементи, се од висококвалитетни нерѓосувачки материјали.

На терен се привршуваат градежните активности што подразбира две зип линии - една за помладите посетители и втората за повозрасните, како и изградба на две патеки за искачување по карпи, авантуристичка атракција позната како виа-ферата. Патеките за искачување по карпи се со вертикални и хоризонтални линии. Композициите се веќе завршени во својата изведба и се очекува да претставуваат вистински предизвик не само за рекреативците, туку и за професионалните качувачи по карпи. 

Во склоп на паркот ќе се градат и мали придружни објекти, како и ревитализација и соодветно уредување на патека по Камењар, уредување и ревитализација на детската едукативна патека, уредување и ревитализација на велосипедска патека од село Магарево – Голема Ливада – Цапарска Пресека – Инфо-центар.

Со отворањето на авантуристичкиот парк, ќе се создадат можности за нови туристички понуди на Пелистер и придобивки за ЈУНП „Пелистер“ и за локалната заедница. Овој проект се смета за еден од поголемите инвестициски проекти во националниот парк од неговото основање од 1948 година.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани