2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Да престане уништувањето на бистите на партизаните, бараат од Сојузот на борците

Јули 18, 2018

Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Битола жестоко реагира на тенденцијата на уништување на спомениците и спомен-бистите на значајни личности од НОАВМ и бара надлежните да ги пронајдат сторителите и нивните мотиви за уништување на бистата на народниот херој Панде Јовчевски Кајзеро.

„Постои континуирано уништување на споменици и спомен - бисти. Постојано се случува спомен - бистите да бидат премачкувани со боја и да бидат уништувани мермерните плочи. Во неделата на денот на роденденот на Панде Кајзерот (15.07.2018 година) во Битола неговата спомен - биста е скршена, отстранета и фрлена, а мермерот е видно уништен. Како Сојуз на Борци од НОАВМ и граѓани продолжувачи се прашуваме зошто тоа се случило токму на денот на неговиот роденден? Се прашуваме кој го направи тоа и зошто? Изненадени сме од постапката на оние кои се осмелиле ова да го сторат. Панде Кајзерот како и останатите негови соборци ги дадоа животите за слобода на овој народ и заслужуваат почит. Бараме од надлежнинте органи да ги најдат сторителите и да утврдат која им била целта. Искрено се надеваме дека повеќе нема да слушаме за уништување на споменот на оние кои ги дале своите животи против фашистичките и нацистичките делувања“, пишува во писмената реакција на Општински Одбор на Сојуз на Борци од НОАВМ – Битола.

Сојузот на Борци реагираше со писма до Општина Битола, ЈП „ Комуналец “ - Битола и СВР - Битола со барање спомен - бистата да се врати во првобитна состојба.

„Се надеваме дека надлежните органи ќе ги пронајдат сторителите и случајот ќе биде расчистен“, велат од Сојузот на Борци.

Засега непознати сторители ноќта саботата спроти неделата, на 15 јули, денот кога е роден народниот херој Панде Кајзеро, ја осквернавија неговата биста во дворот на месната заедница на улицата „15 Корпус“ во Битола. Најпрво била удирана, па откорната од мермерниот постамент кој е оштетен, а оштетувања има на главата и рамената на бистата. Случајот е пријавен во полиција, која  извршила увид и направила записник.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани