2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со црн спреј исчкртани автомобили на македонски туристи во Сарти, Грција

Јули 21, 2018

Со црн спреј исчкртани се десетина автомобили на македонски летувалци во туристичкото место Сарти, на вториот крак во Грција. Вандали синоќа исчкртале автомобили на велешани и скопјани што биле паркирани пред хотелот „Сарти бич“. Ја исчкртале ознаката МК на регистарските таблички од возилата, а со црна боја ги исшарале и задните делови на дел од возилата. Сите десет возила се понови, меѓу нив има мерцедес, тојота, пежо и други скапи марки на автомобили, кои имаат нови регистарски таблички со ознаката МК.

Неколкумина битолчани, кои исто така возилата ги имале паркирано пред хотелот, поминале без оштетувања зашто имале стари регистрации на кои нема ознака на државата МК, туку на градот БТ.

Ваквиот настан ги вознемири македонските туристи кои коментираат дека доаѓаат во Грција трошат пари, а на крај некој им го расипува одморот и им ги оштетува возилата. Оштетувања со спрејови и чкртаници со остри предмети по автомобили низ летовалиштата во Грција се случуваат години наназад. Но, поради близината најголемиот дел од Македонците летуваат во Грција.

37546777 432867077196664 5399387933956374528 n

37633066 432866417196730 3161207281178116096 n

37621917 432866133863425 1511224877783187456 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани