АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Малолетно дете денеска нешто по 11 и 30 часот е искасано од кучиња скитници во населбата Стара болница во центарот на Битола, додека си играло пред зградата. Очевидци раскажуваат за Апла.мк дека ситуација била драматична кога глитница улични кучиња се нафрлиле врз детето. Иако напомош притрчале повозрасни граѓани сепак детето имало видливи повреди, велат очевидци. Несреќниот настан се случувал позади зградата Пелагонка 2 на паркингот со зградите од Стара болница. Поради повредите детето со возило на Брза помош веднеш е однесено во битолската болница, а интервенирала и полицијата.
Очекуваме подетални информации од СВР Битола.
ОБНОВЕНО
Детето каснато од кучиња скитници е примено на Ортопедија и е во добар состојба, потврдува директорката на Клиничка болница Битола д-р Елизабета Ивановска.
„Дете на 13 години е примено на одделението за Ортопедија со каснатини од куче. Има повреди на десна глутеална регија. Повредите се санирани“, потврди д-р Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница за „Апла.мк“.
Денеска од куче скитник бил каснат и странец од Србија и тој е лекарски третиран.
„Исто така 49 годишен странец е каснат од куче скитник на лева потколеница и нему му е укажа лекарска помош на Ортопедија и е пуштен е од болница“, потврди д-р Ивановска.
А.Блажевска
Фотографијата е на Апла.мк