2win800x200

Автомобил се судри со автобус на РЕК Битола-Тешка сообраќајка кај Новиот пазар во Битола

Јуни 25, 2023
фото Апла.мк фото Апла.мк

Вечерва се случила тешка сообраќајка пред Новиот пазар во Битола каде според очевидци автомобил „шевролет“ се судрил со автобус на РЕК Битола. Пожарникари интервенирале да го извлечат возачот на автомобилот, кој со повреди бил пренесен во Битолската болница. Сообраќајот е во прекин на ова место,  очекуваме подетални информации од СВР Битола. За жал на улицата „Васко Каренгелески“ неретко се вози брзо и со брзина над дозволената иако полициски патроли секогаш го контролираат сообраќајот токму наспроти Новиот пазар кај автобуската постојка. 

Според информација од директорката на Клиничка болница Битола, д-р Елизабета Ивановска повредени се две млади лица.

„Едно лице е полесно повредено со посекотини на левото колено и на устата, а другото има отворена фрактура на левиот лакт. Во тек се прегледите“.   

Нема достапен опис.

Фото Апла.мк 

текст А.Блажевска  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани