АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Посетата на амбасадорот Дејвид Гир на Општина Битола и средбата со советниците е редовна пракса низ општините во државата, соопштија за апал.мк од Делегацијата на ЕУ. На средбата со советниците се разговараше на разни теми, меѓу кои и соработката на Општината со ЕУ и отворањето на Куќа на Европа во Битола, за што ќе биде потпишан и меморандум за соработка, велат од ЕУ. Темата за проектот за велосипедски патеки за кој ЕУ даде согласност за пренамена на средствата наменети за реконструкција на Парк кај Офицерски, не била иницирана од евроамбасадорот туку ја отвориле самите советници. Амбасадорот Гир нагласи дека останува на Советот дали ќе го одбри проектот.
-Посетата на Амбасадорот Дејвид Гир на Битола беше дел од редовното информирање што Делегацијата на ЕУ го спроведува во различни општини низ државата. Ваквите посети вообичаено вклучуваат состаноци со локалните власти вклучително и со локалните општински совети. Средбата со Советот на општина Битола овозможи поширока дискусија за теми од значење за граѓаните на Битола, како и за соработката на Делегацијата на ЕУ и поддршката за општината. Во овој контекст, амбасадорот Гир ја истакна добрата соработка со општината во врска со отворањето на Европа Куќа Битола, што ќе се официјализира со потпишување наменски Меморандум за разбирање, кој ќе биде разгледан од Советот на општината на следната седница. Проектот за велосипедските патеки го покренаа членови на Советот. Амбасадорот Гир повтори дека Делегацијата на ЕУ дала согласност за барањето на општината за пренамена на средства од ЕУ за проект за изградба на велосипедски патеки. Тој нагласи дека на Советот е да донесе одлука дали ќе го одобри проектот., се наведува во одгворот од Делегацијата на ЕУ .
Е. Мисирлиевски