Општината апелира на внимателност поради зголемена опасност од пожари

Август 10, 2018

Високите темпeратури кои се најавени и за следните денови носат зголемена опасност од појава на пожари. Во насока на превентивно делување, Одделението за јавни дејности при Секторот за економски развoј, јавни дејности и информатичка технологија во Општина Битола, ги известува и потсетува граѓаните дека е забрането палење на стрништа и оган на отворен простор.

Огнот на отворен простор често пати не може да се контролира и лесно може да се прошири на околните шуми. Лицата кои ќе се затекнат како палат оган на отворен простор, или пак поради невнимание предизвикале пожар, подлежат на законски санкции. За намерно предизвикување на пожари, претстојат кривични пријави и предвидени парични и законски казни.

Доколку граѓаните забележат било каква опасност од пожар, или пак запалена површина, упатуваме апел да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 – Противпожарна служба или 195 – Центар за управување со кризи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани