АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од утринава е побелена, реката Драгор, па наместо бистра вода, тече течност која наликува на млеко. Битолчани загрижени објавуваат фотографии на социјалните мрежи, коментирајќи иронично дека „Во Битола почна да тече млеко, па уште мед фали“.
Исто така несовесни граѓани секојдневно се ослободуваат од непотребните предмети фрлајќи ги во реката Драгор. Често во коритото може да се најде фрлен стар телевизор, апарати за домаќинство, мебел и друг отпад.